АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ТЕТОВСКО – Реките се излеаја (ФОТО+ВИДЕО)

Реките во тетовско се излеаа по интензивните врнежи од дожд, што ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите. Поплавени се патишта и куќи.

Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.

Од АМСМ предупредуваат дека патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја.