Поради грешка пти печатењето, ретка банкнота од 20 американски долари со ознака на еквадорскиот производител на банани „Дел Монте“ во моментов се продава на аукција од аукциската куќа Heritage Auctions. Последната добиена понуда надминува 57.000 долари.

„Досега банкнотата е прегледана повеќе од 4300 пати на веб-страницата„Heritage Auctions“, изјави за Си-ен-ен Дастин Џонстон, потпретседател и извршен директор на одделот за валути на аукциската куќа од Далас. Аукцијата завршува на 22 јануари.

Банкнотата потекнува од серија отпечатена во 1996 година и е уникатна заради налепницата која веројатно случајно била залепена на неа помеѓу неколку фази на печатење.

Од аукциската куќа објаснуваат дека е посебна затоа што на банкнотата се испечатени серискиот број и зелениот безбедносен печат, што ја прави оваа банкнота уникатен пример за таква грешка во светот.

Записите на американскиот долар се печатат во три фази: прво се отпечати задниот дел од банкнотата, потоа се става предниот, и на крај се печати серискиот број и безбедносниот печат.

Очигледно е дека налепницата на производителот на банани „Дел Монте“ случајно паднала на хартијата и се залепила пред банкнотите да влезат во последната фаза на производство. Аукциите на Херитиџ велат дека во овој случај е интригирачки како оваа банкнота успеала да ги помине сите многу строги контроли пред да биде пуштена во оптек.

Повеќето банкноти кои содржат типографски грешки кај колекционерите најчесто се продаваат за помеѓу 100 и 1000 американски долари, рече Леонард Аугсбургер, координатор на нумизматичкиот портал на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис.

Тој додава дека банкнотата со налепницата „Дел Монте“ е нешто посебно, поради што привлекла толку голем интерес од колекционерите.

Според „ Heritage Auctions“, првпат се појавила во 2003 година кога студент од колеџ во Охајо ја понудил на продажба на eBay. За неа, тој достигнал цена од 10.000 американски долари.

Потоа раскажал дека бил многу изненаден кога банкоматот „исфрлил“ банкнота од 20 долари со налепница од компанијата на еквадорскиот производител на банани „Дел Монте“.

Добро сочуваната банкнота повторно била ставена на аукција во 2006 година од страна на Heritage Auctions, а на крајот од аукцијата достигнала цена од повеќе од 25.000 американски долари.

Џонстон за Си-Ен-Ен изјавил дека веднаш ја проценил вредноста на необичната банкнота, а во случајот со обете аукции, тој лично „полетал“ да ја земе и ја донел во аукциската куќа. Се чини дека ќе му се исплати повеќекратно.