Бил со 126 жени пред мене, а само јас го смирив – ЕВЕ КАКО УСПЕАВ ВО ТОА

Кортни Харгвинс (22) вели дека пред да се омажи за Елиот (23), таа спиела со четворица мажи, додека тој спиел со дури 126 жени.

– Драго ми е што има толку искуство, бидејќи тоа значи дека никогаш не е досадно во кревет со него. Секогаш можете да смирите див човек, и со него добивате многу – тврди Кортни, која го запознала Елиот, во 2017 година во ноќен клуб.

– Секој знаеше за неговата репутација, дека тој не оди дома сам и дека веќе однел многу жени во кревет. Најпрвин не ме интересираше некој таков и му реков да се повлече затоа што не сакав да бидам само уште еден број. Почнавме да зборуваме, и тој навистина не проба ништо. Тој ми понуди да ме однесе дома, и јас се согласив да отидам на кафе, но му дадов до знаење дека е само пријателско. Сепак, разговаравме поголемиот дел од ноќта и завршивме во кревет. Тој беше многу самоуверен. Утрото, неговиот телефон не престана да ѕвони, сите негови пријатели му се јавија за да проверат дали успева да ме влече во кревет и го принудија да ме оценува од 1 до 10 – рече Кортни додавајќи дека била  убедена дека се ќе остане авантура.

Сепак, Елиот ја поканил да му се придружи за појадок.

– Тој ми се отвори и призна дека ретко се случува да оди дома откако наполнил 18 години. Ја ценев неговата искреност и му признав дека сум многу неискусна во споредба со него. Му реков дека сум загрижена дека ќе го изгуби интересот за мене кога ќе сфати дека ги немам сите потребни вештини, но тоа воопшто не го загрижуваше. Брзо станавме двојка. Всушност, јас практично дури и не го напуштив неговиот стан по таа прва ноќ – вели таа, додавајќи дека наскоро после тоа, Елиот престанал да ги посетува ноќните клубови.

– Тој знае многу за интимните врски и секој пат е авантура со него во кревет. Тој знае како да задоволи жена, а мојот бивш не го знаеше тоа. „Се чувствувам прекрасно поради него, вели Кортни.

Таа додава дека подоцна останала бремена, а потоа и се венчале.

Сега имаат две деца синот Исак и ќерката Алаја.