Американката Келси Фергусон (31) лежела во болница поради индуцирано породување откако на нејзиниот сопруг предоцна му била дијагностицирана тешка болест само четири дена пред да му се роди синот.

„Би рекла мојот свет пропадна дента кога мојот сопруг ме остави, но започна нов живот кога нашиот син се роди“, рекла Келси Фергусон од Минесота, која доживеала вистинска агонија пред да се породи. Сопруг Скот починал ненадејно, само четири дена пред да пристигне за да го запознае својот син. На крајот, било потврдено дека страдал од Вегенеров васкулитис, автоимуна болест која ги нападнала белите дробови и, за жал, му била дијагностицирана предоцна.

Наместо да чувствува голема радост, оваа новопечена мајка била преплавена со голема тага бидејќи морала да го погреби човекот со кој имал намера да го помине остатокот од животот. Таа го држела својот син во рацете и плачела дека никогаш нема да го запознае „неговиот неверојатен татко“

Порано таа недела, таа се подготвувала за индукција на породување затоа што лекарите биле загрижени за бебето чијшто 20-неделен ултразвук открил оштетување на срцето и хромозомски абнормалности, па затоа била принудена да се породи пред својот термин. Покрај тоа што не знаеле дали нивниот син ќе преживее, состојбата на Скот се влошила.

Тој дошол во болницата со искашлување на крв, чувствувајќи се малаксано, иако сè уште бил свесен, поради сериозноста на состојбата, тој итно бил пренесен во единицата за интензивна нега, по што имал срцев удар.

Келси со неверување влегла во собата на Скот, каде лежел во болнички кревет потполно несвесен, а околу него имало куп цевки и жици. „Гледајќи наназад, мислам дека лекарите дури и не сакаа да ми кажат за сериозноста на неговата состојба. Не знаев колку е лошо и никој во тој момент не ми рече дека може да умре… Никој не ми кажа дека неговото тело се затвора. Само ме ставија во количка и ме одвозеа кај него. Тој изгледаше ужасно, несвесно со цевки и жици насекаде“, рекла Келси.

Таа ја држела раката на сопругот, го бакнала нежно и му рекла колку многу го сакаат таа и неговиот нероден син. Таа беила толку преплавена од емоции што морале да ја извадат од собата откако таа скоро се онесвестила. Потоа Скот го вдишал последниот здив и починал.