Британска наставничка имала секс со 15 годишен ученик на игралиште (ВИДЕО)

Омажена наставничка и мајка на три деца од Велика Британија може да се соочи со затворска казна откако била прогласена за виновна за сексуален однос со петнаесетгодишен ученик.

Кандис Барбер (35) во неколку наврати имала секс со 15-годишното момче, еднаш и на спортско игралиште. Подоцна му испратила смс порака, каде што го прашувала дали тој и ги преферира „ градите или задникот “.

Целиот инцидент станал познат откако во училиштето започнале да кружат нејзините топлес фотографии, кои му ги испратила на својата жртва. Снимките стигнале и до директорот на училиштето, пишува Дејли Меил.

Барбер од малото гратче Вендовер во Англија денеска е прогласена за виновна за поттикнување дете под 16 години да има сексуални активности.Наставничката во училиштето ,,Принц Рисборо” и мајка на три деца и пришла на својата жртва на Денот на спортот, откако го додала како пријател на социјалните мрежи.

Наскоро започнала да му испраќа пораки на малолетникот да му кажува кога ќе се тушира ​​или ќе се бања, а после тоа започнала да има сексуални односи со него.

„Ајде да одиме на час да видиме дали можеме да се разбереме без другите да забележат“, му напишала во една порака.

На претходното судење минатиот септември во Ејлсбери, Барбер била осудена за сексуално дело со малолетник што се случило од 27.09. до 20.10.2018 година.

 

 

Во тоа време помеѓу 20 октомври 2018 и 31 јануари 2019 година, таа била осудена и за испраќање видеа на малолетник додека имала секс и била опкружена со сексуални играчки.

Кога директорот на училиштето го поканил 15-годишното момче на разговор, младиот човек го негирал сексуалниот однос со наставничката.

Подоцна за време на разговорот со полицијата изјавил дека таа му се заканувала.

“Таа рече дека ќе ме повлече со неа ако ја издадам. Ја прашав дали сака да ме обвини за силување. После тоа бев лут и повеќе не разговарав со неа”, рекол младиот човек.

Барбер била уапсена на 12 март минатата година, а за време на нејзиниот прв разговор со полицијата, таа негирала дека имала сексуални односи со момчето, пишува Дејли Меил.