Хансел Емануел Донато веќе некое време е име што љубителите на кошарката го внесуваат во пребарувачот за да го запознаат подобро или да му се восхитуваат на начинот на кој игра кошарка.

Тој неодамна повторно го сврте вниманието на себе откако клубовите од НЦАА лигата почнаа да прашуваат за него, откако тој избра како ќе се развива неговата кариера бидејќи се уште се надева дека еден ден ќе игра во НБА лигата.

Неговиот живот не се разликувал многу од животот на повеќето деца на шестгодишна возраст кога се случи несреќата што го обележа засекогаш. Тој во тоа врфеме се качил на ѕид од цигли и цементни плочи за да го гледа татко му како игра кошарка, нестабилниот ѕид почнал да се ниша и паднал, а Хансел се нашол под урнатините што му ја притиснале левата рака. Тој бил спасен по два часа, но неговата рака морало да биде ампутирана.

Од родната Доминиканска Република, тој се преселил во Соединетите држави на 16 -годишна возраст, тогаш веќе како добар кошаркар. Одличните игри во средното училиште предизвикале дополнителен интерес за него, па сега тој игра за Tennessee State Tigers во НЦАА дивизијата I. Доби пофалби за неговите настапи од многумина, а му се восхитува и Шекил О’Нил, кој еднаш истакнал дека луѓето не разбираат колку е навистина добар и дека со едната рака ги победува некои од најдобрите играчи на негово натпреварувачко ниво.