За време на летот на холандската компанија КЛМ од Амстердам кон Ибица, дошло до тепачка откако двајца патници одбиле да носат заштитни маски.

„Мажите одбија да носат маски, а потоа физички и вербално ги вознемируваа другите патници“, рече портпаролот на холандската авиокомпанија, на социјалните мрежи е објавено видео од инцидентот тие биле уапсени откако слетале во Ибица, пренесува Индипендент.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.