Внукот на покојниот лидер на колумбискиот нарко-картел Пабло Ескобар, Николас Ескобар, открил една од неговите скривници со 18 милиони долари.

Николас Ескобар рекол дека скривница била во неговата куќа во Меделин, град во кој познатиот нарко-бос своевремено царувал.

Како што вели, “резервите” на пари ги пронашол во миризлива пластична кеса.

Децении старите пари биле во толку лоша состојба, па може да се каже и дека се неупотребливи.

Во кесата имало и злато, комуникациски уреди, снимки, машина за пишување, пенкало и камера со филм кој не можел да се развие.

Разни приказни за скривниците на Ескобар се уште кружат низ Меделин.

Николас Ескобар, син на братот на Пабло, Роберт, се гордее со сродството со нарко-босот, а вели дека пронашол веќе неколку скривници.

Еден од најбогатите криминалци во историјата, Пабло Ескобар, имал милијарди долари годишни приходи.

Обвинет е за речиси 6.000 убиства, а убиен е во 1993-та година во Меделин кога имал 44 години.

Tocka.com.mk