Заслугата на Трајко Вељановски е следна: Груевски беше на горниот спрат, а ние на долниот. Тука се собираат и едни и други луѓе. Трајко нон стоп дремеше кај мене во долниот дел. После испадна дека тој пренесувал горе кој е лојален, кој што зборувал и веројатно после за тоа беше награден од страна на Груевски.

Панорама е време кога се претседателските избори во Македонија, а кога Бранко ни беше најголем противник. Во тоа време репресиите врз нас се максимални. Ние наоѓаме преку шанса преку падот на кворумот Бранко да падне. Ако тој падне еднаш на избори, тој ќе биде избањат политичар. Јас барав од Груевски да ги бојкотира изборите. Не дека Кедев не е квалитетен човек. Тој и денес е квалитетен човек. Но Бранко е џин во таа политичка пресметка со него. Во тоа време Никола ја прифаќа улогата да биде спаринг партија за Бранко Црвенковски. Дури и луѓето ги имаа пораките кога им праќаа на нашите членови да излегуваат на избори во кои се пишува дека се има победа. Тоа беше вештачка кампања за победа за да Бранко извојува победа на избори. Латас навиваше за тандемот Никола Груевски – Бранко Црвенковски.

Никола после тоа го окаректирзира како нож во грб во Панорама, па тргнува да го разрешува ИК на партијата. Тој прво прави обид ИК да ме осуди мене вербално, но ИК се спротиставува. Тој во втора фаза се обидува да го разреши ИК. Кога тој прави обид да го смени, моите луѓе тргнуваат во обратна насока, ајде тогаш да свикаме вонреден конгрес па тебе ќе те смениме. Колку во тоа време се кршам дали сакам да продолжам со политика или не зборува самиот факт што јас не се појавив во Панорама. Имам една теза: Ако они толку сакаат јас да се вратам, не им требам јас таму за да го поразат Никола Груевски. Јас не се појавив на тој конгрес. Најверојатно сум згрешил што не сум се појавил на тој конгрес.

Јас можам да кажам дека за инсталирањето на Груевски како претседател е моја вина. Но од тој момент натаму и правење на култот на Никола, има многу луѓе кои учествуваа во тој процес, посебно од делот на тогашното СДСМ кои ја зацврствуваа улогата на Никола Груевски во политиката. Можат да зборуваа што сакаат, но Македонија чесно ја бранев кога беше нападната од страна на УЧК на Косово. Можат да раскажуваат приказни но јас од почеток до крај дефинирано ја бранев Република Македонија, вели екс премиерот Љубчо Георгиевски во интервју „Во Центар“ кај Васко Ефтов.