Американските регулатори во месец мај, 2019-та година го одобрија пуштањето на лекот за употреба. Лекот се консумира еднократно, а цената не е ниту малку пристапна.

Само една доза од лекот „Zolgensma“ од швајцарската фармацевтска компанија„Novartis“ чини 2.1 милиони долари, што го прави најскапото медицинско средство на светот.

Лекот за спинална мускулна астрофија „Zolgensma“ станал важен придвижувач на значително подобрите деловни резултати во третото тромесечје, објавиле од фармацевтската компанија „Novartis“.

Вкупните приходи на оваа компанија поради овој лек пораснале на 12.2 милијарди долари, а нето приходите биле зголемени за осум отсто.

Половина од пациентите кои што денес консумираат „Zolgensma“, претходно се лечеле со производ од американски „Biogen“.