Пред да почнете да ја осудувате личноста која е во брак со зависник велејќи дека е глупава и наивна што не си заминала од таа заедница, сетете се дека секоја приказна е уникатна и поинаква. Реално, вие не знаете како таа личност се нашла во таква ситуација.

Но, да се напушти зависник е тешко. Луѓето кои се во брак со зависници ги сакаат нив повеќе од сѐ на светот и би сториле сѐ што е во нивна моќ за да ги спасат.

Тие може да имаат одреден период на среќа и добри мигови кога нивниот партнер е чист, за работите ненадејно да се изменат кога нивниот партнер повторно се враќа на зависноста и се претвора во чудовиште. Зависноста го вади најлошото од него.

И кога нивниот сакан ги моли да останат со него и ги преколнува да му помогнат, тие не можат само да си заминат од него.

Постојат и мигови кога зависниците се преправаат дека не се зависни од својот порок веќе и дека функционираат како и сите нормални луѓе.

Но, на личноста која е со нив во брак срцето ѝ се кине затоа што знае дека зависноста е тука, дека сѐ е лага и дека бракот е осуден на пропаст, иако ја сакаат таа личност најмногу на свет.

Тие одново и одново одлучуваат да останат со партнерот со сон да му помогнат околу зависноста, иако сите ги советуваат да заминат од него.

Но, луѓето не ја разбираат нивната борба и мислат дека знаат што е најдобро за нив.

Но, за жал кога кај зависникот нема промена на состојбата, тие знаат дека порано или подоцна ќе мора да го напуштат и да изберат живот, а не живи да бидат заглавени во пекол.

Сфаќаат дека зависникот нема да се промени без разлика што остануваат со него и си ја упропастуваат својата среќа и здрав разум.

Сфаќаат дека ставањето крај на овој брак е единствената можна опција… По толку години болни и неуспешни обиди.

Но, верувајте не сакате да сте им во кожата!