Кога блиска личност се бори со рак, секој од нас би направил сè за да ѝ изрази неизмерна поддршка.

Токму тоа го направија Џони и Алистар на најважниот ден од нивните животи.

Имено, младенците на свадбата ги избричија своите глави за да ѝ покажат на мајката на невестата дека не е сама во оваа тешка битка.

Според традицијата во Нов Зеланд, невестата и младоженецот играат свадбен танц каде сите гости им ставаат пари во облеката. Но, наместо тоа, Џони и Алистар одлучија да направат нешто поразлично и да ја изненадат нејзината мајка Луна.

Во знак на солидарност тие ги избричија своите глави, а истовремено соопштија дека парите кои ќе ги соберат од гостите, ќе ги донираат за лица болни од рак.

ВИДЕО:

СвадбаСвадбаСвадбаСвадбаСвадбаСвадбаЗа жал, мајката на Џони починала 2 месеци по свадбата.

Свадба