И додека кај нас еуфоријата по историската победа на македонската фудбалска репрезентација полека спласнува, и фановите се подготвуваат за навивањето на наредното Европско првенство, УЕФА ги изненади сите со неверојатно емотивно видео, од највпечатливите моменти по завршувањето на мечот минатата недела.

Најавувајќи ги партиципиентите на Европското првенство следната година УЕФА посебно ја издвои Македонија и обезбеденото деби на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Солзите, силните емоции и радоста на селекторот Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев и сите македонски репрезентативци по крајот на натпреварот во Тбилиси, низ 30 секунди издвоени од УЕФА уште еднаш го претставуваат историскиот успех на македонскиот фудбал.