Една четвртина од македонските граѓани „живеат за денес, немислејќи за утре“.

(25 отсто) од македонските граѓани се согласуваат со ставот „живеј денес и не мисли за утре“, 17 отсто се неутрални по ова прашање, а 51 отсто не се согласуваат со ваков начин на живот.

Ова се дел од резултатите од анкетата на ОЕЦД и ИНФЕ објавени во извештајот „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“, во кој се мери степенот на финансиска писменост на населението од овој регион.

Според извештајот, анкетираните граѓани од Бугарија, Северна Македонија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора и Романија се загрижени и под стрес за нивната финансиска состојба и можноста за ги покријат животните трошоци.