Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година влегува во завршна фаза со изнесување на завршни зборови од обвинителството и одбраната.

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје прв завршен збор треба да даде Обвинителството. Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се 14 лица, а првообвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Тие се товарат за поттикнување и организирање на насилните протести пред просториите на Општината летото 2013 кои, според обвинителството, биле организирани со образложение дека се против наводно запирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови, меѓу кои и оној за „Мал ринг“.

Во тој период локалната власт во Центар ја имаа СДСМ и коалицијата, со Андреј Жерновски како градоначалник, додека извршната власт и Градот Скопје беа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ

Првото рочиште за предметот се одржа на 12 декември 2016 година.
Novatv.mk