Според една студија, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе од маларијата, девет пати повеќе од сидата и речиси трипати повеќе од алкохолот.

„Пандемијата“ на загадување на воздухот го намалува животниот век во светски просек за речиси три години и предизвикува 8,8 милиони случаи на прерана смрт годишно, покажува студијата објавена денеска од германскиот институт „Макс Планк“.

– Загадувањето на воздухот претставува поголем ризик за јавното здравје отколку пушењето – објаснува Joс Лелибелд од Институтот „Макс Планк“ (Мајнц, Германија), првиот автор на студијата објавена во списанието на Европското здружение за кардиологија и кардиоваскуларни истражувања.

Коронарните болести и кардиоваскуларните проблеми претставуваат речиси половина од смртните случаи, заболувањето на белите дробови, високиот крвен притисок и дијабетесот се најголемиот дел од другите заболувања предизвикани од загадувањето на воздухот. Само 6 отсто од смртноста поради загадувањето на воздухот се должи на рак на белите дробови.

Начинот да се избегне ова е да се намали емисијата на штетни гасови, односно да се заменат фосилните горива со нова обновлива енергија, сметаат научниците.

Извор: МИА