Лидерот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев откри каде и со кого одмара после напорната победничка изборна кампања за предвремените парламентарни избори.

-Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ- напиша лидерот на СДСМ.