Ова несекојдневно видео снимено во операциона сала, судејќи по музиката и говорот, доаѓа некаде од регионот и да не е толку шокантно би можело да се стави и во категоријата најсмешни видеа. Во него се гледа пациент кој лежи на операциона маса и заедно со медицинскиот персонал го пее хитот „Све бехара“ од Сафет Исовиќ. И замислете за тоа време го оперираат.

Дали идејата им била да му го „убијат“ стравот не е познато, ама од она што се гледа тој не само што станал бестрашен, туку и толку се расположил што побарал и ракииче.

– Уште да има малку ракија… вели постариот пациент во еден момент.