Досега најголемиот арсенал на неексполдирани убиствени средства е откриен непосредно до стадионот под Тумбе кафе во Битола и зафаќа дел од патот. Станува збор за неексплодирани артилериски гранати заостанати од Првата светска војна со калибар од 75 мм и голема убиствена моќ и досега се откриени над 4 илјади парчиња, но се претпоставува дека ги има барем два до три пати повеќе.

Три дена работиме, првиот ден пронајдовме 672 парчиња, вториот ден 1.150 и денесka 1.100. Ќе се носат во Криволак за да се уништат. Имаме закажано четири термини од средината на декември, но ќе треба повеќе, зашто излегоа многу парчиња, вели Ѓорги Стефанов, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Заедно со над 500 гранати што беа пронајдени на 26 октомври на истото место, досега вкупно се извадени 3.664 парчиња.

Во Битола речиси да нема градежна активност а да не се пронајдaт гранати  или бомби заостанати од Двете светски војни. Но, ова е досега најголемата количина неексплодирани средства пронајдени во државата. Се склaдираат  несоодветно, во магацин во старат касарна во Битола, во центарот на градот, иако овие складишта треба да се оддалечени најмлаку 15 киломтри. Но, по реакцијата на пиротехничарите за оапсноста од ваквата појава, сега магацинот е  обезбеден со 24 часовно физичко присуство. Во декември во голема акција за која се подготвуваат неколку тимови, гранатите пронајдени под Тумбе кaфе ќе се уништуваат на воениот полигон Криволак.