Читам на Фејсбук и на порталите дека долу кај нас во Македонија повторно можело да воведат полициски час , читам како луѓето се плашат од ново затворање на границите , како најавуваат карантин за сите кои не биле „ послушни ” и така натаму .

Искрено да ви кажам прво сето тоа ми беше смешно , ама гледајќи ги и коментарите на моите сакани Македонци , не можев да преќутам , затоа ова го пишувам со цел да се информираат тие и да сфатат дека не е се како што изгледа . Јас сум се уште многу млад , барем помлад од оние кои гледам како панично коментираат дека ќе има полициски час , некои пак и коментираат дека така требало за овој народ ?! Кој фактор си ти да кажеш дали народот треба да биде затворен , ако самиот сакаш – стави си клуч на врата и не излегувај од дома .

Студирам во Скопје , но сум од внатрешноста на државата . Кога во март стана актуелен корона вирусот , поради настанатата ситуација , немањето предавања – сите се вративме во нашите родни краеви .

Целиот тој период беше навистина интересен, сите имаа шанса, размислуваа за идните планови , ги следеа пресовите на министерот Филипче , кој кажуваше – 30 , 40 , 20 , 25 позитивни на ден .

Тогаш беше многу страшно и опасно , ништо не работеше и сите мислевме дека доаѓа „ крај на светот “ . Но , со тек на времето , народот сфати дека не може да живее во страв , се опушти , иако бројките на дневна основа сега се 160 , 180 , 130 позитивни од корона вирусот на ден . Што ми беше поентата .

Пред 10 – тина дена , од Македонија заедно со мојата девојка со автомобил тргнав кон Германија . Со документ од сопствениците каде што работам , уредно поминував низ границите , возев и гледав како се повеќе се оддалечувам од Македонија , а се приближувам кон Германија , луѓето живеат како да нема корона вирус , свесни за опасноста , се придржуваат до мерките и функционираат НОРМАЛНО .

Тоа кај нас долу во државите не е возможно . Работам веќе 6 – ти ден во Германија , се е идентично , исто како и претходните години кога бев . Различно всушност е само едно нешто – протоколите кои се поставени сите ги почитуваат , иако казните се минимални .

Ама тука во Германија не зборуваат дека ќе има полициски час , а читајќи по социјалните мрежи – во Македонија ве плашат дека и тоа можело повторно да се случи .

Драги мои пријатели од Македонија , јас ви кажувам јавно – не се плашете од карантин , тоа е само да ве заплашуваат , светот функционира сосема нормално со корна вирусот .

Се што треба е само да излезете од паниката и стравот кој ви го сеат , бидете уникатни и не заборавајте – грижете се за вашето здравје . Јас за околу 40 денови пак ќе се вратам назад во Македонија , нема да имам проблем , ќе ги поминам границите , со негативен тест и воопшто нема да седам во карантин. Едноставно е како 2 и 2 , животот продолжува понатаму со или без корона вирусот и со или без стравот кој ви го нанесуваат долу во Македонија . Би ве замолил да останам анонимен .

Поздрав!

Извор/citaj.mk