На социјалната мрежа „Фејсбук“ изминатите денови е креирана група која го носи насловот „Манијакот од Влае“.  На снимките кои се објавени во групата може да се види машко лице кое според тврдењата во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар.

Случајот во петокот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, a во групата се споделуваат апели доколку некој од граѓаните го забележи лицето истото да го пријави во Полициска станица Карпош на телефонскиот број 072 334 411 или пак директно во Министерството за внатрешни работи на посебниот број 192.

Скопје Инфо попладнево побара став од Министерството за внатрешни работи околу активностите кои се преземени за расчистување на овој проблем, но одговор од таму се уште нема.