На социјалната мрежа „Фејсбук“ изминатите денови е креирана група која го носи насловот „Манијакот од Влае“.  На снимките кои се објавени во групата може да се види машко лице кое според тврдењата во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор на жителите на улицата „Иван Цанкар“.

Случајот во петокот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, a во групата се споделуваат апели доколку некој од граѓаните го забележи лицето истото да го пријави во полициската станица Карпош на телефонскиот број 072 334 411 или пак директно во Министерството за внатрешни работи на посебниот број 192.

Oд Министерството за внатрешни работи информираат дека трагаат по лицето и работат на расчистување на настанот