Текстописецот, Марина Тукаковиќ (67) води битка со канцерот, за што во повеќе наврати зборуваше отворено за медиумите.
Производителот на големите хитови сега повторно искрено зборуваше за нејзиното здравје и откри дека лекот што го добила од сестринството од манастирот „Раваница“ и помогнал најмногу во борбата против канцерот.
Марина тврди дека овие алтернативни лекови влијаат позитивно на нејзиното тело, па се надева дека следните лекарски прегледи ќе покажат само позитивни резултати.
Во последно време добив неколку килограми. Се чувствувам добро и се надевам дека прегледите ќе покажат дека сè оди на подобро. Ме познавате, не се предавам и се борам. Сум зела многу терапии досега. Нешто ми помогна, нешто не. Верувам дека секој организам реагира различно на лекови, и тоа е нормално. Слушнав за разни чудесни исцелувања, и за жал не сум премногу дисциплинирана, па тие приказни некако ми здодеаа, изјави Туцаковиќ за Свет.