Цеца Ражнатовиќ има ново момче! Станува збор за Богдан Срејовиќ, 38-годишен угостител од Белград, кој зад себе има еден брак и ќеркичка.

Сето ова го откри екипата на „Папарацо лов“, која за време на едно од своите рутински следења на популарната пејачка ја сними нејзината средба со Богдан на Нови Белград.

Според информациите што ги отркиваат во популарната емисија, Цеца и Богдан се во тазе врска, а се запознале на роденденската забава на блиска пријателка на Цеца. Љубовта брзо пламнала, а заедно биле и на зимување на Јахорина, од каде што Цеца сподели неколку видеоснимки, но без „саканиот“.

 

Инаку, Богдан е бивши сопруг на сегашната девојка на поп-пејачот Саша Ковачевиќ, Зорана, со кога се разведе пред пет години, а со која ја има ќеркичката Искра.

Во продолжение погледнете како изгледаше „разоткривањето“ на новата љубовна врска на Цеца Ражнатовиќ од страна на екипата на „Папарацо лов“.

 

 

 

Фото: Инстаграм

Видео: „Папарацо лов“, „Јутјуб“