Вивепремиерката Мила Царовска му порача дека жените, кон кои тој со својот пост покажал навреда, ќе ги има уште повеќе и ќе бидат помоќни во политиката.

„Во постот на Апасиев со кој директно ја
навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување.

Тој со ова ја покажа својата “свежина” што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание.

Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно!
Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе…“, напиша неодамна Царовска на фејсбук., како порака од СДСМ Жени.