Двајца крадци од Флорида зажалиле кога во намерата да ја ограбат својата следна жртва налетале на громада од човек, сексуален престапник и поранешен затвореник.

Имено, Гарфилд Морган (54) и неговиуот соучесник Ким Гордон (36) влетале во куќата на Хари Харингтон, наречен „човек-вук“ кој ги силувал и држел затворени во куќата цели пет дена.

Тој по пат ги разоружал, врзал и навредувал се додека соседите не пријавиле дека од кујната доаѓаат звуци за помош и плач.

Крадците ќе се соочат со адекватна затворска казна, но и нивниот мачител.

На социјалните мрежи и во јавноста луѓе коментираат дека крадците си ја заслужиле казната која ги снашла, додека има и такви кои сметаат дека санкциите во рамки на законот се сосема доволни.