Луѓето кои имале денга треска најверојатно развиле одреден имунитет на COVID-19, наведува во проф. Мигел Николилас од Универзитетот Дјук во САД.

Американскиот научник во неговата анализа за избивањето на коронавирусот во Бразил открил дека во регионите каде што во последните години е регистрирана голема појава на денга треска, ширењето на коронавирусот е побавно.

„Ова неверојатно откритие дава интересна можност за имунолошка вкрстена реакција помеѓу серотиповите на флеговирус на денга и SARS-CoV-2“, рече Николилас.

Според него, доколку се потврди оваа хипотеза, луѓето ќе можат да добијат одреден имунитет на COVID-19 по вакцинацијата против денга.

Во студијата што уште не е објавена, се проучува географската распределеност на случаите на коронавирус. Во Бразил се покажало дека местата со најниска стапка на зараза со вирусот и најбавна стапка на зараза се истите места каде претходно имало интензивно избивање на случаи на денга треска годинава и минатата година.

Николилас вели дека резултатите се исклучително интересни бидејќи претходни студии покажале дека луѓето со антитела на денга треска во крвта може да се покажат позитивни на антитела на COVID-19 иако никогаш не биле заразени со коронавирусот.

Тоа покажува дека има имунолошка реакција меѓу двата вируса која никој не можеше да ја очекува бидејќи вирусите се од две сосема различни семејства.

„За нас, научниците, ова е шокантно“, вели Николилас. „Во науката се случува да целите кон една работа и да ја погодите метата на која воопшто не сте се надевале.“

Доказ за тоа е уште едно неодамнешно откритие  – руски научници барајќи активно соединение во борбата против коронавирусот открија супстанција што потенцијално може да се користи за лекување на канцер.

Kajgana.com