илустрација
На кого најпрво би му помогнале на оваа слика?
Дали сте со традиционални ставови, внимателни и доверливи или можеби им верувате на животните повеќе отколку на луѓето…

Погледнете ја илустрацијата и искрено одговорете на кого најпрво би помогнале? Дали тао е старата жена која се обидува да помини низ улицата, жената со тешки торби, човекот на кој автомобилот му се расипал или мачката која делува изгубено и се нашла на среде пат?

Одговорот на ова прашање открива кои се вашите приоритети во животот.

СТАРИЦАТА

Доколку сте се одлучиле да и помогнете на старицата, тоа открива дека сте високо морална личност која ја почитува традицијата. Вие сте рационални и внимателно размислувате пред да донесувате каква било одлука. Вие сте добра личност и тешко наоѓате мир во овој свет полн со несовршенство и неправда.

ЖЕНА

Тоа што најпрво би и помогнале на жена со тешки торби покажува дека сте личност која ужива додека им помагате на другите. Вие сакате да имате чуство дека на другите сте им потребни, тоа вас ве исполнува и радува. Истотака, се чуствувате добро кога сте во центарот на вниманието.

ЧОВЕКОТ СО АВТОМОБИЛОТ

Доколку вас приоритет ви бил човекот со расипан автомобил, тоа открива дека сте озбилни и одговорни. Многу сте внимателни и не ви е тешко да им помогнете на луѓето кои имаат сериозни проблеми. Имате голем број на пријатели, луѓето вас ве сакаат бидејќи знаат дека можат да ви веруваат. Имате добри предиспозиции да бидете лидер.

МАЧКАТА

Помагање прво на мачката на патот покажува дека сте љубезна личност која верува дека животните се подобри од луѓето. Верувате дека се потполно искрени и беспомошни додека луѓето лесто знаат да бидат неискрени, злобни и понекогаш не ја заслужуваат вашата помош.