Овој град е запишан во Гинисовата книга на рекорди како место со најголема температурна разлика на Земјата, а таа изнесува 105.8 Целзиусови степени.

Верхојанск е град во истоимениот дистрикт во руската држава Јакутија. Поточно се наоѓа во Арктичкиот круг, каде што во текот на зимата температурите се спуштаат под нулата, а најниската температура која што била измерена во тој град изнесува дури -68 Целзиусови степени.

Иако овој град во текот на летото знае да биде потопол, овие денови измерени се рекордни температури.

Имено, измерени се 38 степени Целзиусови, што е најголемата измерена температура во Арктичкиот круг.

Овој град е запишан и во Гинисовата книга на рекорди како место со најголема температурна разлика на Земјата, а таа изнесува 105.8 Целзиусови степени.

Неочекуваните високи температури веќе неколку седмици се честа појава на Сибир.