Гоце Делчев е македонски револуционер и треба да ни биде чест доколку некој друг народ го чувствува како свој херој, одговори на новинарско прашање денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за бебзедност.

-Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави полем мерак.

Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка, рече Пендаровски во своето обраќање.
kurir.mk