Некои раскажале што се случило кога одбиле, додека други откриле што се случува кога ќе кажеш “да”.

Дали во Југославија било можно да се положат испити преку кревет?

Судејќи според исповедите на студентки од 1982. година, доколку студентката била за, итекако било можно.

Некои раскажале што се случувало кога одбивале, додека други откриле што се случува кога ќе кажеш “да”. За нивните животни приказни пишувал Yugopapir, а пренесува босански Абаз.

Март 1982: Не е ниту ново ниту необично да професорите и асистентите на факултет, како и студентките – стапат во некои други односи, кои со учењето немаат многу врска (освен учењето во една, одредена смисла). Во тоа, кој кого “учи” не би навлегувале, бидејќи тоа зависи од случај до случај.

Работата, најчесто, започнува во кабинет, а завршува во некоја изнајмена соба или хотел. Иницијативата, најесто започнува од “свештениците” на овие храмови на просветата и културата.

Опкружени со затегнати, млади тела, здрави заби, нозе на потпетици, насмевка, широко отворени очи, лица на кои староста ќе им наштети дури за десетици години – просветните работници, понекогаш не можат да одолеат. Тогаш се обидуваат обиди за авантури, но ретко и љубов.

“Ме повика во својот кабинет…”

На една страна е секогаш знаењето, односно правилно употребено време кое може да си го овозможи младо, непотрошено и свежо тело.

На друга страна – тело кое е често носител на глава која знае, или не знае како се завршуваат овие авантури.

Александра Новаковиќ дипломирала на Економскиот факултет пред две години. Висока, витка, расна:

-Се започна на писмен испит. Тоа ми беше последниот испит. Не сум склона на препишување, но сепак за овој испит подготвив мал трик.

Го извадив ливчето, и како што бев неспретна, дежурниот професор го забележи тоа, ми пријде и ме повика во својот кабинет бидејќи списокот му беше таму. Јас му велам да ме запише овде, дека нема потреба да одам со него горе. Бидејќи тој инсистираше, заминавме, па ми одржа педагошка лекција. Ме праша дали знам дека ваквите прекршоци се казнуваат со шест месеци забрана за полагање испит.

Без разлика велам, вратете ми го индексот. Потоа ми рече да дојдам за два дена. Јас испратив пријателка. Тоа не ми беше паметно, бидејќи тој вели дека само мене ќе ми го даде индексот, раскажува Новаковиќ.

-Се обидов тогаш со него да разговарам пријателски. Му кажав убаво зошто препишував и дека тоа ми е последен испит. Нека прави што сака, само нека ми го врати индексот. Тој вели, ќе ве прашам овде. Не вредеше. Ме сослуша и ми кажа дека не сум го задоволила. Секако дека не сум. Ми стана јасно, како единствено можам да го задоволам – изјавила тогаш Новаковиќ.

-Зошто професоре баш мене, дали ве предизвикав со нешто – го прашав.

-Токму затоа што не се давате. Го читав последниот Старт. Личите на дуплерката, дали сте тоа вие? – праша тој.

-Така значи! Интелектуалец! Не чита само стручна литература туку и штампа. Секако, учебниците имаат еден недостаток: немаат страни со голи риби – вели таа.

-Потоа ја заклучи вратата, ни стави виски и тргна на мене. Се боревме едно петнаесетина минути, се додека не го отерав во … и излетав надвор. Дојдов по својот индекс уште еднаш, со неуредна и мрсна коса, како што редовно заминував кај него, се со надеж дека ќе му помине желбата. Го сретнав во ходникот, излегувавме од зградата, а тој ми постави недвосмислен ултиматум. Ќе појдам веднаш со него во неговата викендица, или ќе бидам казнета. Му реков што мислам за него, а мислев многу работа, и два деца подоцна на огласната табла видов дека ми е забрането полагање на испити три рока – вели таа.

-Заминав во отсекот за студентски прашања и им раскажав што ми се случило. Таму ми кажаа дека најдобро е да молчам бидејќи немам докази за своето обвинување. Не можев да поверувам на впечатокот дека оваа приказна веќе ја слушале. Испитот го положив неколку месеци подоцна кај друг професор – раскажала таа.

Сања, црнка, маркантна, на крај на студиите по книжевност. Се подготвувале за излегување и зборувала:

“Тоа беше љубов. Навистина љубов. Тој, во тоа време, беше асистент. Енциклопедија која оди. Го обожавав и секогаш седев во првиот ред на амфитеатарот. Тогаш имав 22, а тој 37 години. И така, се додека еднаш не го видов во ресторанот, како седи и пие со уште двајца асистенти. Тие двајца заминаа, а тој седнува со мене. Започна да ми се додворува, ме испрати до дома и ме бакна на влезот. Јас сфатив дека тотално, апсолутно и неповратно сум полудена по него.

Неколку месеци се гледавме секојдневно. Се беше како во некој сон. Колку фантазии имаше тој човек – тоа не е нормално. Гадно беше тоа што шест пати не успевав да го положам испитот. Не испрашуваше комисија од три професори, еден од нив тој, а јас, кога ќе го видам, се парализирам.

Ме водеше во клубови. Ме запознаваше со книжевници и автори. Започнав да пијам заедно со нив. Љубов водевме во собите на неговите пријатели или во хотелите, но тоа не ми беше важно. Еден ден, кога Белград навистина беше бел, имаше огромен снег – тогаш ми кажа дека е оженет и дека има дете.

“Завршив во душевна болница”

Се гледавме и после тоа. Поретко и потажно. Ми стана јасно дека е склон кон жените. Дека се плаши од старост и дека ја одложува, а јас му помагам во тоа. И така, се додека еден ден не го видов на улица прегрнат со девојка која беше моја пријателка на факултет, а негова студентка. Тогаш откачив. Завршив во душевна болница, во Ковин.

Одтогаш поминаа четири години, а јас не знаев дали сум го преболела. Бидејќи, сега, додека ова го зборувам, ми стана сеедно каде вечерва, дали, и со кој ќе спијам.”

Јелена, висока, кдрава, бринета, агресивна, неверојатен студент по југословенска книжевност:

“Заминувам јас еднаш да пријавам испит, бев втора година, некое чудно утринско време, и го завршив тоа, унапред знаејќи дека тоа го правам за џабе, кога гледам како се мота околу мене. Не го знам човекот. Висок, млад, онака, малку претенциозен. Што сака овој од мене, мислев. Кога тој, лево – десно, вели дека тој е асистент овде, и доколку сакам, можеме да пиеме кафе во библиотеката. Ајде, да го испиеме и тоа кафе, баш да видам што сака.

Ми зборува тој мене за својот крај со носталгија. Ми станува јасно! Се спуштил од планина во Белград да гради кариера. Ми закажа дејт. Се согласив, баш да видам што сака. Заминавме во Кина. Е, луѓе мои, само што филмот започна, тој навали. Пушти ме будало една, му велам, сакам да гледам филм, затоа и дојдов, пишува Абаз.