Постои само еден единствен знак дека жената доживеала оргазам, ова е тој.

Глумењето оргазам е стар трик кој (најчесто) жените го користат во текот на водењето љубов од различни причини, но многумина ќе се сложат дека од таа глупост, ниту еден нема корист. Партнерот нема да знае дека не ја задоволил, а тој кој глуми ги намалува шансите следниот пат да доживее оргазам со истиот партнер.

Додека околу 30% од жените немаат проблеми со редовно доживување оргазам, останатите 70% го доживуваат значително ретко – отприлика секој пети сексуален однос, а 15% од жените откриле дека никогаш не доживеале оргазам или дека тоа го доживеале само еднаш до два пати во животот.

Сепак, истражувањата покажуваат дека преку 90% од жените во некој момент одглумиле оргазам, најчесто да не го повредат партнерот.

Тоа не звучи толку необично доколку го споменеме фактот дека околу 20% од мажите веруваат дека се толку добри љубовници да нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не ја задоволат.

Јасните знаци на оргазам се грчење на мускулите – најчесто вагиналните, што предизвикува чувство како жената да е скаменета.

Исто така, можат да се појават и грчеви во нозете. Кај засилениот интензитет на стимулација во кој нејзиниот здив станува краток, а нејзините воздишки погласни, после постигнувањето на вистински оргазам таа ќе сопре, ќе и бидат потребни барем неколку секунди да се опорави. Големиот број на жени после оргазам добиваат црвенило над градите, каде што кожата е тенка, токму поради хормоните.

Дури и ако таа одглуми оргазам, тоа не мора да значи дека таа не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жената најголемата активност во центрите за уживање во мозокот се случува за време на секс, односно на патот до оргазмот, додека непосредно пред самиот оргазам, активноста нагло опаѓа. од друга страна, кај мажите активноста во тие делови е најголема токму за време на самата ејакулација.