Кесиди Пирсон починала по борбата со рак на кожата, потврди нејзината сестра на TikTok.
Касиди Пирсон од САД, стана позната на „Тик Ток“, бидејќи таа споделувала се` за нејзината борба со ракот со своите придружници и на тој начин ги мотивирала сите луѓе кои се борат за живот, пренесува „Health“.

Во моментот на нејзината смрт, нејзините најблиски беа до неа. Таа не се мачеше. Да знаеше само колку луѓе ја сакаа на оваа платформа … – рече низ солзи скршената сестра и им се заблагодари на сите за поддршката.

Кесиди еднаш тврдела дека ги забележала првите промени кај бемките на внатрешната страна на бутовите на 18 -годишна возраст. Почнале да ја менуваат формата, големината и бојата и се појавило чешање и сувост. Таа била млада и не сфаќала дека сите овие се симптоми на меланом, па ги игнорирала.

Бемката беше со големина на гума за моливи, ја чешав, беше сува, крвареше ако ја изгребам. Немаше боја и ја промени формата. Ги имав сите симптоми – рече Касиди. Таа тврдела дека не може да си прости што веднаш не презела нешто.

Во тоа време била бремена, па тоа било уште една причина зошто не обрнувала многу внимание на бемките. Таа вели дека немала здравствено осигурување и дека чекала до 21 година за да оди на лекар.

Бидејќи онкологот не и дал третман, една година подоцна, меланомот преминал од третата фаза во четвртата. Кога одлучила да побара мислење од друг лекар, дознала дека мора да помине серија агресивни третмани.

– Беше долго патување, направија делумна замена на колкот, ми отстранија половина од белите дробови, хируршки ми отстранија дел од цревата, поминав два циклуса хемотерапија и пет различни циклуси на зрачење – рекла таа.

На почетокот на 2021 година, биле откриени уште седум нови тумори. Како што е наведено, ако веднаш отишла на лекување, сега ќе гледала како расте нејзиниот син.

@ohhkayypee

There will be a slideshow video coming soon. Thank you for all your support. She was loved. And finally… get your skin checked.

♬ original sound – Ohhkayypee