44-годишниот Ари Нагел, професор од Њујорк, им помагал на жените да забременат на „старомоден“ начин односно имал секс со нив, но сега е нешто повнимателен. Вели дека единствената плата за неговите услуги се прегратките и бакнежите кои ги добива.

Ари го контактираат сè повеќе жени на кои им е потребна помош да забременат и затоа престанал да има односи со нив. Сега, тој им ја доставува спермата во чашки, за да се заштити себеси, но и нив.
Поради тоа што веќе има 78 деца, а моментално уште 13 жени се бремени од него, многумина го нарекуваат „Сперминатор“.

„Никогаш не сум им ги наплатувал услугите на жените на кои им помагам да добијат дете. Секако, добивам многу бакнежи и прегратки, како и доживотна благодарност. Среќен сум бидејќи имам толку деца. Некои од нив ги гледам секој ден, а некои никогаш не сум ги сретнал. Тоа зависи од семејството“, вели професорот.Тој не им помага само на жените во Америка туку и во целиот свет.
Многу жени кои ми се обратија се од Америка, но некогаш се и од други земји. Минатиот месец бев 2 пати во Африка, а еден месец пред тоа бев на Барбадос и во Грузија. Месец претходно бев и во Русија, патувањата се дел од она што го правам, но повеќето жени на кои им помагам се од Америка“, вели Нагел.

Пред три години целиот свет зборуваше за Мет Стоун, кога го нарекоа „сериски донатор на сперма“. Во тоа време тој самиот тврдеше дека станал татко на најмалку сто деца, а своите услуги ги понудил бесплатно преку Фејсбук.

Мет е сингл и официјално е татко на две деца, а на својот профил има еден албум посветен само на неговите „успеси“, каде објавува фотографии од ултразвук или веќе родени деца.

Моментално 13 жени чекаат дете со Ари, а сите се вештачки оплодени со неговата сперма.„Имам зачнато околу 10-тина деца преку секс, но тоа беше на почетокот кога не знаев за поинаков начин за зачнување. Месечно ме контактираат по неколку жени и би било тешко да се практикува с без заштита, а во истовреме да се гарантира безбедност за себе и за нив. Поради тоа сега ја доставувам спермата во чашки“, заклучил Ари, пренесува „The Sun“.