Само три или четири месеци после прележаната инфекција од koвид 19, се повеќе жени и мажи, во периодот од закрепнувањето, започнуваат да се жалат на ненадејно, дифузно опаѓање на косата кое го опишуваат како вознемирувачко и психолошки стресно, бидејќи секојдневно гледаат “полна рака” или “клопче” опаднати влакна, најчесто после чешлање или миење коса.
Косата им се проретчува сè повеќе и повеќе на дневно ниво, и тие се многу исплашени бидејќи си мислат дека на крајот ќе останат без коса”, вели проф.д-р Лилјана Меденица, дерматолог, за Е-Клиника.

ЗОШТО КОСАТА ОПАЃА ПОСЛЕ КОВИД 19
Опаѓањето на косата кое го гледаме кај пост-koвид-19 пациентите, е по типот на телоген ефлувијум. Обично се јавува 3-4 месеци после прележана koвид инфекција, а може да зафати и до 50% од косата.
Дневно може да отпаднат 150-700 влакна. Опаѓањето на косата трае два до три месеци. Процесот е реверзибилен, косата спонтано, полека и постепено се обновува во текот на следните неколку, обично шест месеци.
Кај продолжен психолошки стрес обновувањето на косата може да трае и многу подолго од 6 месеци – објаснува проф. д-р Меденица.
-Ваквото дифузно и реверзибилно опаѓање на косата (телоген ефлувијум) во не-koвид времиња се забележува кај луѓе после прележани болести и опера-ции, високо фебрилни состојби, силни психолошки стресови, екстремни диети за слабеење, пораѓај, кај лица со намалена функција на штитната жлезда, намалено железо во крвта или витамин Д во организмот.

ШТО Е ТОЧНАТА ПРИЧИНА И ДАЛИ ПОСТОИ ТЕРАПИЈА?
-Не постои специфична терапија за овој вид опаѓање на косата, измајќи во предвид дека процесот е реверзибилен, се очекува спонтан раст на косата.
Меѓутоа, примената на PRP (e. platelet-rich plasma – плазма збогатена со тромбоцити) методот може да го забрза процесот на раст на косата – вели нашата соговорничка.
А за тоа која е всушност причината за опаѓање на косата после прележана инфекција со kopoна, професорката Меденица објаснува:
-Во време на koвид пандемија, секојдневно, од почетокот на 2020. се грижиме за тоа дали ќе се заразиме со SARS-Cov-2 вирусот, дали ако се разболиме ние или нашите најблиски, ќе има место за лекување во болниците, како да се избориме со карантинот ако повторно го предложат, што ако дојде до промена или губиток на работата, што ни носи 2021.година…
Генерално, можеме да очекуваме сè поголем број пациенти кои ја губат косата (телоген ефлувијум), како кај оние кои закрепнуваат од koвид 19 инфекцијата, така и кај оние кои не се заразиле со SARS-Cov-2 вирусот, но живеат во време на длабок и голем стрес – вели проф.д-р Меденица.