Месеците кои ни следуваат календарски се најмногу исполнети со дождови и прилично ниски температури, особено во утринските часови. Тоа претставува најголем проблем за возачите во текот на есента и зимата бидејќи се замаглените стакла, особено ако се брзаме некаде и немаме доволно време да чекаме самите да се исчистат со зголемувањето на температурата.

Не постои возач кој не се соочил со овој проблем, но сепак не очајувајте постои паметно решение за кое не ви треба ниту труд ниту пари.

Се што треба да направите е да земете еден пар чорапи од дома, па ставете песок во едната, а потоа затворете ја и врзете чвор. За да бидете сигурни дека нема да се скине, врз чорапата ставете ја и другата чорапа од парот.

Ставете го ова под седиштето или на шалтаблата. Песокот ќе ја впие влагата па таа нема да се лепи на вашите стакла. Пробајте, навистина делува, а ефектот можете да го забележите и од видеото во продолжение: