Претседателот на ПЦЕР, пак, Самка Ибраимовски и коалициски партнер на СДСМ рече дека со составот на новата влада неговата партија ќе го изгуби и тоа што го имаше.

– Тоа што го имавме го губиме – рече министерот без ресор за имплементација и стратегија на Ромите. Каде што беше појдовна точка не добивме доволен број гласови. Според принципот на новата влада, ако влезе женско, треба да влезе женско од листата зашто во членот на Изборниот законик треба да влезе 11-тата, а не деветиот, Козаров. Не знам која комбинација би се направила за јас да станам пратеник или Козаров, изјави Ибраимовски по состанокот во СДСМ.

Самка во 2017 стана министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, а во декември истата година си поднесе оставка и се врати на пратеничката функција.