Народот вели вака, што ќе посееш, тоа ќе ожнееш, или фрли зад тебе, за да најдеш пред тебе. Во еден град, поради обврски на работа, синот го однел неговиот татко во старечки дом. Неговиот внук враќајки се од училиште го посетил деда си и се запознал со условите во кои живее.

Дедо му го замолил следниот пат кога ќе дојде да донесе и едно ќебе за да се стопли бидејќи во домот му било ладно. Таткото на детето му дал пари да купи убаво ќебе. Момчето купило две, па едното го однел на дедо си, а другото дома.

Кога таткото се вратил од работа во куќата го нашол ќебето, па зачудено ја запрашал сопругата какво е ова ќебе. Таа му рекла да го праша синот.

Кога го запрашал зошто не го однел ќебето на дедо му, синот му одговорил дека на дедо му му однел едно, а ова го донел дома да го сочува кога ќе го прати татка си во дом за стари лица па да му го однесе тогаш.

Таткото седнал и се замислил за целата ситуација. По оваа случка, дедото, на големо задоволство е вратен повторно дома.