Вработените наоѓаат различни начини да избегнат работа на работното место, но еден шведски даночен службеник дефинитивно ги сруши сите рекорди кога станува збор за неактивност.

За да ги избегне работните задачи, тој си се јавил себеси 32 пати помеѓу 10 март и 5 мај. Со други зборови, тој „вртел“ на својот службен телефон за да не прима повици од клиентите. Така, од службениот телефон „разговарал“ на својот мобилен телефон дури 55 часа.

Поради тоа, сега му се заканува отказ.

Системот забележал дека неговиот телефон бил постојано зафатен, а повиците биле проследени до други работници. Дури во април, околу еден месец подоцна, еден од неговите претпоставени забележал дека овој Швеѓанец зборува „невообичаено долго“ со клиентите во споредба со неговите колеги.

Работникот на крајот призна дека не работел цело време, но очигледно не жали за своите постапки. Имено, по откривањето и признанието – тој упатил уште четири повици до својот мобилен број, открила внатрешна истрага. Тој се бранел велејќи дека неговата мотивација за работа е многу ниска.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik