СКАНДАЛ: Фолкерката Елена Велеска, на бугарска ТВ изјави дека Јовано Јованке е бугарска песна!

Македонската фолкерка, позната по своите силиконски додатоци, при едно неодамнешно госрување на бугарската фолк ТВ – Планета ТВ, изјави дека често, кога настапува пред нашините во Австралија, пее неколку бугарски народни песни.

На прашањето на водителката, да наброи коии се тие песни, елена ја спомена и една од најубавите традиционални македонски народни елегични песни – Јовано, Јованке.
Колку за потсетување, во песната ,Јована крај реката Вардар , бело платно белеше, па нормално е и прашањето упатено кон Елена – Дали знае од каде извира и низ која земја тече Вардар?
За крај, останува дилема, дали е возможно Велеска да изусти ваков „бисер“, или станува збор за класично „додорување“ на бугарската публика?

Погледнете ја изјавата во ова видео од 6 , 20 минута!