Во текот на викендот имало гужва, а месарите едноставно ги ределе кучињата на тезгите.

Контроверзнот фестивал на кучешко месо е отворен во Јулин во Кина и покрај фактот дека таа земја и натаму се бори со епидемијата од коронавирус, и дека продажбата на месо од различни животни е под лупа.

„Дејли мејл“ објави неколку вознемирувачки фотографии и снимка која ги покажува учесниците на фестивалот, но и низа убиени кучиња. Посетителите секако не носат маски.

На една од снимките се гледа и како посетителите седат на маса и ја чекаат својата порција месо.

Јулин се наоѓа на југот на Кина, а традиционалниот десетдневен фестивал обично привлекува илјадници посетители.

– Оваа година фестивалот на кучешко месо е иста како и претходно, рече Ду Јуфенг, активистка за права на животните која во текот на викендот го посетила Јулин со шестмина колеги за да протестира против настанот.

Таа рече дека во текот на викендот имало гужва, а месарите едноставно ги ределе кучињата на тезгите.

– Еден од активистите се претставуваше како купувач и ги прашуваше месарите дали имаат живи кучиња. Рече дека ги убиваат дома, а не тука. Локалната власт не се ни обиде да го запре фестивалот поради епидемијата или пак да ги предупреди луѓето да не доаѓаат. Комплетно сѐ игнорирале само за да заработат пари, рече таа.