Огромен скандал на повидок во соседна Бугарија, откако дел од медиумите пренесуваат информации и фотографии за тоа како премиерот Бојко Борисов бил снимен во неговата спална соба.

На фотографиите кои се појавија во јавноста, Борисов спие, додека на другите фотографии се гледа како во собата има пиштол, големо количество на злато и куп пари.

Борисов вели дека зад фотографиите стојат неговите опоненти, а целта е да го уништат.

Тој го обвини претседателот, Румен Радев дека го снимал со дрон кој го добил како подарок од Кина.

Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но тврди дека предметите на другите фотографи биле намерно поставени.

Борисов истана дека во неговата соба има сеф и нема потреба да чува пари во шкаф. Рече и дека не спиел со пиштол до главата, но од денеска можеби и ќе го направи тоа бидејќи е загрижен за својата безбедност.

Извор/citaj.mk