Радмила Шекеринска, заменик претседателката на СДСМ најави дека о четвртиот пакет економски мерки предвидено е картичките за купување на домашни производи да опфатат уште две категории на граѓани и тоа невработени лица кои не се пријавувале во агенцијата за вработување и втората категорија ќе бидат сите пензионери, со пензии под 15.000 денари.

Шекеринска најави и зголемување на минималната плата.

„Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епиде*ијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Дебар.

Таа додаде дека заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и дека целта е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари.

„За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон наиште компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции“, нагласи Шекеринска.