Позицијата на Бугарија е непринципиелна и е надвор од принципите на функционирање на ЕУ и како таква не може да опстои подолго. Сме имале и потешки моменти и ова го гледам како една епизода од заокружувањето на целосната извесна иднина и стабилна иднина на Република Северна Македонија, истакна вечерва градоначалникот на Скопје и член на Извршен одбор на СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Според него, ако имате јасна позиција на главните луѓе во процесот за преговори, тогаш не ни треба декларација.

-Бугарите сметаат дека на 13-ти ноември ние сме славеле нешто поврзано со Тито. Тие сакаат да го премолчиме делот во историјата каде што е јасно дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија. Тоа за мене е непринцииелна позиција, – истакна Шилегов.

Тој даде коментар и за Апасиев.

„Глејте го овој несреќава Апасиев. Апасиев беше, така? Супер!“, рече Петре Шилегов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Што мисли тој дека е главен фраер ако пцуе по Фејсбук? Шарлатан, обичен шарлатан. Типот мисли дека е јак фраер дека опцул некој на Фејсбук“, рече Шилегов.