Првпат во животот, во кариерата, Јелена Карлеуша ја отвори вратата од својот гардеробер и можеби на тоа ништо повеќе не би требало да се додаде за да се „заскокотка“ фантазијата на сите оние ги ја следат и кои добро знаат како се облекува ѕвездата.

Тимот на Телеграф го посети семејниот дом на Јелена во кој се уште живее со децата и сопругот Душко Тошиќ, а семејството наскоро ќе се пресели во луксузната куќа која пред неколку години ја договорија за околу 2.500.000 евра, од Драган Стојковиќ Пикси.

Во нејзиниот гардеробер има облека и обувки од брендовите како што се: Фенди, Диор, Шанел, Живанши, Версаче, Макс Мара, Валентино, Долче и Габана, Викторија Бекам… Има повеќе од 200 пара чевли, а има и исто толку чанти, фустани, капути, костими, но и накит, парфеми, креми за нега на телото…

Како изгледа ова катче на Јелена Карлеуша погледнете во видеото во продолжение: