Астероидот 2020 SW ќе биде значително поблизу до Земјата денес околу 13 часот и ќе помине покрај нас, велат научниците

Но, нема причина за паника. Експертите веруваат дека 2020 SW ќе помине на растојание од 27.000 километри, но дека нема да ја погоди Земјата.

Со цел визуелно да се претстави растојанието, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од нас 384.000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид ќе помине на растојание од околу 2,1 дијаметар на Земјата.

Научниците сè уште не ја утврдиле точната големина на астероидот, но тој не е претерано голем објект. Се претпоставува дека оваа вселенска карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри, пишува Live Science.

Иако 2020 SW како што се приближува кон Земјата ќе биде се посветла, сепак нема да биде видлива со голо око.

Овој астероид беше откриен дури минатата недела, на 18 септември и се чини дека блиската средба меѓу него и Земјата ќе го промени животот засекогаш. Имено, тоа е толку мал астероид што се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени својата орбита.

Откако утрово со брзина од околу 27.200 км/ч минаа покрај нас, повторно според научниците ќе не посети за 9 години, односно до 3 јуни 2029 година.