Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, за ТВ Клан.

Тој појасни дека просечната цена на струјата од 2006 до 2020 година е за 85% порасната, но истовремено е порасната просечната плата во државата.

Според анализите на РКЕ просечната сметка за струја за домаќинствата е 2008 денари месечно. Споредена просечната сметка со платата бележи намалување, во минатото сметката зафаќала 9.08% од плата, па има тренд на намалуавње на 8,49%, па на 7,37%, рече Бислимовски.

Претпоставуваме дека поскапувањетона струјата ќе предизвика револт, рече Бислимовски, и ги повика претставниците на граѓанските организации, што протестираат на разговори да им се помогне на тие категории на кои им е потребна помош.

Протестите на граѓаните се легитимни и сакаме да им помогнеме, рече Бислимовски, додавајќи дека протестите на ВМРО-ДПМНЕ, кои започнаа месец и пол по одлуката се политички театар.
brif.mk