Понекогаш мажите целосно закрепнуваат од оваа состојба и немаат никакви последици, но може да се јави и еректилна дисфункција бидејќи ткивото во внатрешноста на половиот орган останува оштетено и крвта не може нормално да протекува.
Пенисот најлесно пука кога ќе се лизне во текот на пенетрацијата и нагло ќе се свитка. Понекогаш може да пукне и ако мажите се премногу диви во текот на односот или ако преагресивно мастурбираат.
Фрактура на пенис е пукање на едната или двете мембрани кои го прекриваат неговото ерективно ткиво, а го предизвикува брза, тапа сила додека половиот орган е во ерекција, обично во текот на сексот или при агресивна мастурбација.
Важно е мажот да посети лекар ако почувствува било каква болка. Во бројни случаи поради неугодност да се отиде на лекар, доаѓа до комплицирање на состојбата.

Која поза е најопасна за фрактура на пенисот?
Лекарите откриваат три пози кај кои шансата за фрактура на пенисот е најголема. Во новата студија објавена во списанието International Journal of Impotence Research, експертите ги анализирале положбите во текот на сексот и дошле до одредени заклучоци.
Откриле дека т.н. „кучешка“ поза е најопасна: дури 41% од случаите на фрактура се случиле токму во таа поза. На второ место е т.н. мисионерската поза кај која фрактура на пенис дошло во 25% од случаите, додека на трето место е позата во која жената е врз мажот.

Истражувачите исто така, забележале дека повредите при „кучешка“ и „мисионерска“ поза се многу случни и многу сериозни, додека фрактурите во текот на секс кога жената е врз мажот не се толку сериозни.