Во Македонија има 60 до 80 илјади алкохоличари. Најголем дел од нив се мажи над 35 годишна возраст, велат лекарите.

Алкохолизмот како болест е на трето место, веднаш после кардиоваскуларните и малигните заболувања. Загрижувачки е и што се повеќе алкохоличари помош бараат кога веќе и не може да им се помогне. Причината за ова стручњаците ја гледаат во алкохолот, кој без контрола се продава по пазарите.

Зголемено е и алкохолизирањето кај жените домаќинки, кои затворени дома пијат скришно. Стручњаците предупредуваат дека не е мал бројот и на жени интелектуалки, кои се одаваат на овој порок.

Патот до алкохолот го бараат и младите уште од седмо, осмо одделение.

Во психијатриската болница во Бардовци се лекуваат само оние што имаат здравствено осигурување, а барем двајца во денот се враќаат, зашто немаат сини картони.

Алкохолизмот е причина за многу сообраќајни незгоди и тепачки во државата.