Гeоргина Родригез доби повеќе од 1,8 милиони лајкови за нејзината последна објава на Инстаграм, а нејзиниот партнер Кристијано Роналдо исто така стави емотикон со срце под неа.

Георгина, која ја снимаше насловната страница за шпанското списание Mujerhoy, сподели дел од фотографиите со своите 21,6 милиони обожаватели, а тие ја опсипаа со комплименти.

Партнерката на фудбалерот на Јувентус редовно ги краси насловните страници на бројни списанија ширум светот, а неодамна се пофали и со својата прва насловна страница во Вог, Бразил.

Инаку, Роналдо, две недели откако му беше дијагностициран коронавирус, сè уште е во самоизолација и ќе го пропушти денешниот натпревар против Барселона.